Сообраќајот без забрани, слаб снег на дел од патиштата

10.12.2014 09:40

Врнежи од слаб снег се бележат на Маврово, Стража, Плетвар, Крушево и Делчево, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата...

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на  Маврово, Стража, Плетвар, Крушево и Делчево, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.