Предупредување до граѓаните на САД во светот поради извештајот за тортура
10.12.2014 09:45
Објавувањето на извештајот на комитетот на Сенатот за притворање и испитување кое го вршела ЦИА би можело да предизвика анти-американски протести и насилства кон американските интереси...

Американските амбасади во Авганистан, Пакистан и Тајланд ги предупредија граѓаните на САД во споменатите земји на можноста на анти-американски протести и насилства по синоќешното објавување на извештајот на Сенатот за методите за испитување на осомничените за тероризам.
Во идентичното известување испратено на граѓаните на САД во споменатите три земји, амбасадите предупредија дека „објавувањето на извештајот на комитетот на Сенатот за притворање и испитување кое го вршела ЦИА би можело да предизвика анти-американски протести и насилства кон американските интереси, вклучувајќи кон државјани на САД“.
Во Авганистан и на Тајланд се наоѓаат два тајни затвора во кои затвореници се испитувани и измачувани.
