Во Франкфурт презентирани можностите за инвестирање во Македонија

10.12.2014 11:19

Германска компанија, која произведува автомобилски делови, е пред донесување финална одлука за инвестирање во земјава, најави премиерот Никола Груевски...

Триесетина германски компании присуствуваа на претставувањето на можностите за инвестирање на Македонија во Франкфурт. 

Германска компанија, која произведува автомобилски делови, е пред донесување финална одлука за инвестирање во земјава, најави премиерот Никола Груевски.

„Ние сме влада која е целосно фокусирана на економијата, на добра бизнис клима, на охрабрувањето на домашните и на странските инвеститори да преземат нови чекори, да инвестираат и да отвораат нови работни места, бидејќи невработеноста е нашиот втор најголем предизивк, по решавањето на спорот со Грција за членството во ЕУ и во НАТО. Кога дојдовме на власт во 2006-та, невработеноста беше многу голема- 38%, сеуште е висока, но се намали за 10% во период на тешка економска криза“, изјави премиерот Никола Груевски.

Роуд шоуто во Германија е во организација на престижниот „Фајненшел Тајмс“.