Изминаа роковите за есенската сеидба

10.12.2014 11:23

Неповолните временските услови не дозволија есенската сеидба насекаде да заврши навреме. По обилните врнежи механизација не може да влезе во нивите, а и оптималните рокови за сеидбените активности се одамна поминати...

Есенската сеидба не заврши навреме. Обилните дождови и неповолните прогнози на синоптичарите за оваа недела со постепено опаѓање на температурите, повеќе не дозволуваат да се влегува во нивите.

Агрометеорологот Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи, проценува дека високата влажност во почвата на одделни локалитети може негативно да се одрази врз никнувањето на житата.

Кај веќе поникнатите посеви, пак, ваквите температури на воздухот и на почвата ќе им овозможат нормален развој и постепена подготовка за презимување.

 

Методија Трајков