Партнерството со „Филип Морис“ носи стабилност во тутунопроизводството

10.12.2014 11:31

Стратегиското партнерство на прилепскиот Тутунски комбинат со светскиот бренд „Филип Морис“ чекор во позитивен пресврт за овој македонски загубар, но и за стабилност во тутунопроизводството. Според експертите ова ќе донесе огромна сигурност за компанијата, за економското опкружување и пласманот на цигарите...

Прилепскиот тутунски комбинат го зацврсти стратегиското партнерство со светскиот гигант Филип Морис. Со пласманот на цигарите на пазарот преку новата фирма „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“партнерството е запечатено. Новата ера на работа на комбинатот подразбира  реорганизација и обновување во фабриката за цигари, нов однос и правила во производството на тутунот.

Да се извршат преправки, замена на резервни делови, дообука, стандарди за контрола на квалитетот, доопремени сме со нови машини за он-лајн контрола на квалитетот“, вели Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски комбинат-Прилеп. 

Ефектите од стратегиското партнерство треба да стигнат за две три години. Македонскиот пазар апсорбира 4и пол илјади тони цигари, но вратите за пласман се отворени.

Филип Морис има голема мрежа, голема компанија е, прва во светот. Продава и до 500.000 тони од еден вид цигари. Марлборо, а сигурно има 900.000 тони цигари кои ги продава. Што се за Филип Морис да даде место за 5-6.000 тони цигари од фабриката на Комбинатот. Ќе ги растури како прашина низ светот“, изјави Љупчо Попоски, научен советник- агроекономист.

Комбинатот во договорот со Филип Морис ја вклучи и продажбата на тутунот. Тоа според тутунарите значи сигурност.

„Филип Морис е голема компанија и треба да тргне на подобро“, вели Влатко Андреески, тутунар.

Државата 13 милиони евра претвори во траен влог, отворена е можноста за економска стабилизација. Владата ја прифати програмата за реструктуирање. Деновиве се актуелни пакетите со отпремнини за вработените. Ќе им се исплати по една плата за секој месец до пензионирање и вкупниот пакет е 13 000 евра. Условите се усогласени со Синдикатот на компанијата.

 

Елизабета Митреска