Велика Британија на удар на „метеролошка бомба“
10.12.2014 12:40
Најмногу на удар се Северна Шкотска и Северна Ирска, каде што брановите достигнуваат височина од повеќе метри...

Жолто предупредување и ветар од 130 километри на час – Велика Британија е на ударот на таканаречена метеоролошка бомба.
Најмногу на удар се Северна Шкотска и Северна Ирска, каде што брановите достигнуваат височина од повеќе метри.
На островите Надворешни Хебриди, над 17 илјади жители останаа без електрична енергија. Издадени се речиси 30 предупредувања за поплави.
