Владата ги обесштети тутунарите од Радовиш

10.12.2014 13:07

Денеска Министерството на сметките на 920 тутунари од Радовиш префрли 43 милиони и 300 илјади денари за откупениот и неплатен тутун од откупувачот...

Владата ги обесштети тутунарите од Радовиш, кооперанти на Томи Мик Тобако Радовиш, соопшти Министерството за финансии.

Денеска Министерството на сметките на 920 тутунари од Радовиш префрли 43 милиони и 300 илјади денари за откупениот и неплатен тутун од откупувачот.

Средствата за обесштетувањето се обезбедебни преку продажба на запленетиот тутун од Томи Мик- Тобако Радовиш.

На тутунарите, тутунот им е исплатен по просечна цена за откуп во радовишкиот регион.

Со ова Владата останува доследна поткрепа на земјоделецот и заштитник на неговите права, велат од Министерството.