ЕБОР се вклучува во експлоатацијата на бакар и злато во Иловица

10.12.2014 13:19

Во ЕБОР оценуваат дека, во наредните 30 години, Иловица ќе стане најголем рударски центар во регионот...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), се вклучува во експлоатацијата на бакар и злато во рудникот Иловица во југоисточна Македонија. Банката е пред потпишување договор од 5 милиони долари со канадската компанија „Еуромакс рисорсис“, кои ќе бидат инвестирање во акции.

Во ЕБОР оценуваат дека, во наредните 30 години, Иловица ќе стане најголем рударски центар во регионот.

Во проектот, преку кредитот на банката, во ископувањето злато и бакар на канадската „Еуромакс“ се вклучува и американската компанија „Ројал голд“ со инвестиција од 175 милиони долари. Инаку, вкупната инвестиција се проценува на околу 415 милиони евра.

Според истражувањата на канаѓаните, во Иловица има резерви од 120 тони  злато и 700 илјади тони бакар.