Саити, Танаскова и Грозданов добитници на „Мито Хаџи Василев - Јасмин“

10.12.2014 12:40

Наградата ќе им биде врачена на 21-ви декември во Собранието на Република Македонија...

Познати се добитниците на годинашната награда „Мито Хаџивасилев - Јасмин“.
 
Новинарките Мирела Саити, Фиданка Танаскова и публицистот Борче Грозданов, се наградени за остварувања во областа на публицистиката и новинарството, од интерес за Република Македонија.
 
Наградата ќе им биде врачена на 21-ви декември во Собранието на Република Македонија.