„Ноќен жерав“ во петок на сцената на МОБ
10.12.2014 13:48
Премиерата на оваа јапонско национално дело, обработува јапонска традиционална бајка...

Во петок со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена премиерата на јапонската оперска претстава „Ноќен жерав“ од Икума Дан.
Премиерата на оваа јапонско национално дело, обработува јапонска традиционална бајка. Во претставата ќе настапат солистите: Нобуко Такахаши, Мотохару Аојаги, Јуки Такахаши, Шигеки Мине. Режисер е Кацухиро Котецу, а диригент Мазахико Окочи.
Учествува оркестарот на Македонската опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, под раководство на Весна Димчевска.
Во недела, претставата „Ноќен жерав“ ќе гостува во Центарот за култура во Битола.
