Поради санкциите Русија загуби повеќе милијарди долари

10.12.2014 14:00

Рускиот претседател Дмитриј Медведев во интервју за неколку ТВ станици се осврна и на драматичниот пад на рубљата...

Поради западните санкции, руската економија изгуби повеќе милијарди долари.  Европската изгубила 40 милијарди годинава, а наредната ризикува да изгуби уште 50.

„Санкциите не натераа да сфатиме дека е крајно време да го замениме увозот. И повеќе се работи не за замена на увозот, туку за создавање сопствени компетитивни производи. Тоа е предизвикот на кој треба да одговориме“, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев во интервју за неколку ТВ станици се осврна и на драматичниот пад на рубљата, но рече дека буџетот е уште во рамнотежа.