Акција „Чекан“: Уапсени 15 лица од Гостивар дел од организирана криминална група
авале пари под лихва со високи камати и направиле серија финансиски малверзации преку фиктивни договори...

Полицијата откри нов случај на организиран криминал. 19 члена група од Гостивар шест години тероризирала сограѓани. Давале пари под лихва со високи камати и направиле серија финансиски малверзации преку фиктивни договори.
Во акцијата што ја спроведе МВР под оперативното име „Чекан“ уапсени се 15 од осомничените, а четворица не се достапни за полцијата.
„Мотивот на криминалната група бил стекнување противправна имотна корист од извршените кривични дела, а така стекнатата имотна корист ја пуштале во легалниот платен промет, за што користеле голем број сопствени фирми, банкарски сметки, вложувајќи во недвижности и во превозни средства, стекнување недвижен имот, како и давање незаконски позајмици на физички и правни лица, притоа пресметувајќи им високи-лихварски месечни камати. За враќањето на позајмиците бил вршен притисок при што користени се сериозни вербални закани и физички напади врз оштетените“, изјави помошник министерот за односи со јавност на МВР, Иво Котевски.
Организаторите на криминалната група со повеќе лица од Гостивар, меѓу кои и сопственици на фирми, стапувале во должничко доверителски односи давајќи им различни суми на девизни парични средства како позајмици со лихварски камати од 8-20 проценти месечно.
Кривично пријавените лица во текот на денов, соопшти МВР, ќе бидат спроведени до надлежниот судија на претходна постапка при Основниот Суд Скопје 1 Скопје.
