Велешката болница доби аспиратор за торакална дренажа- донација од „Жито Маркети“

10.12.2014 14:40

Велешката болница за неколку дена ќе добие акцелератор за лекување на респираторните заболувања кај децата. Донацијата е од општествено одговорна трговска компанија чии претставници денеска им поделија новогодишни пакетчиња на хоспитализираните дечиња...

Наместо на Клиника во Скопје, децата со респираторни заболувања ќе се лекуваат во болницата во Велес. Аспираторот за торакална дренажа кој во болницата не работеше подолг период е заменет, благодарение на донацијата на „Жито Маркети“.

„Ќе биде сместен на интензивниот оддел во хирушките сали каде што најчесто ќе се користи заради тоа што најголем број на пациентите ќе бидат таму присутни“, рече д-р Атанас Василев, директот на Општа болница- Велес.

Средствата за набавка на овој апарат компанијата ги обезбедија преку кампањата „Навика да добивам повеќе“ и картичката за лојалност која веќе ја имаат над 20 илјади потрошувачи.

„Успешноста на една компанија не зависи само од нејзините финансиски парамнетри туку и од сопствената хуманост што ја манифестира во средината во која работи“, изјави Стојанче Тодоровски, Жито Маркети.

Освен дренажниот апарат, Жито Маркети денеска донираше и постелнина, ќебиња и новогодишни пакетчиња за дечињата кои се лекуваат во болницата.

„Сакам Дедо Мраз да ми донесе креветче и кукла“. „Највеќе сакам возови“, велат дел од дечињата.

Ова не е прва донација на оваа компанија. Велат општествено одговорни ќе бидат во секоја општина каде што имаат маркети. 

 

Дијана Иванова