Студентите протестираа против државниот испит
10.12.2014 15:01
Иако беше најавено дека предлогот ќе оди на широка јавна расправа, дел од студентите не прифаќаат никаква варијанта на државен испит...

Студентите протестираа против државниот испит. Точно напладне од пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ студентите се упатија кон Собранието, а протестот заврши пред владата.
Беше побарано Владата и ресорното Министерство за образование да ја преиспитаат одлуката за воведување државен испит на универзитетите. Иако беше најавено дека предлогот ќе оди на широка јавна расправа, дел од студентите не прифаќаат никаква варијанта на државен испит.
Од Министерството за образование најавија дека деновиве Владата треба да го усвои предлогот, по што ќе биде доставен до универзитетите.
