Натепаниот возач од Итна се уште во болница

02.01.2014 12:46

Возач од Итна медицинска помош ,кој настрада во Новогодишната ноќ,кога група хулигани ја нападнаа екипата, се уште е во болница, потврди директорката на Брза помош Маја Поповска. Во вчерашниот напад , возачот се здоби со скршеница и со потрес на мозокот и беше опериран на Клиниката за трауматологија, додека лекарката со полесни повреди беше пуштена на домашно лекување . Полицијата има почетни сознанија за насилниците и интензивно трага по нив .

Возач од Итна медицинска помош ,кој настрада во Новогодишната ноќ,кога група хулигани ја нападнаа екипата, се уште е во болница, потврди директорката на Брза помош Маја Поповска. Во вчерашниот напад , возачот се здоби со скршеница и со потрес на мозокот и беше опериран на Клиниката за трауматологија, додека лекарката со полесни повреди беше пуштена на домашно лекување . Полицијата има почетни сознанија за насилниците и интензивно трага по нив . Овој инцидент ,во кој настрадаа здравствени работници кои итаа да помогнат на болен човек, го осудија  и  министрите  за здравство и за внатрешни работи , Тодоров и Јанкуловска .