Студентите на протест побараа да не се реализира проверката на знаењето
Им се приклучија и партиски активисти, невладини организации. Иако од Студентскиот пленум се оградуваа од секаква партиска обоенот, сликата на протестот беше поинаква...

Студентите излегоа на протест најавената реформа за полагање државен испит кој сака да го воведе Министерството за образование. Им се приклучија и партиски активисти, невладини организации. Иако од Студентскиот пленум се оградуваа од секаква партиска обоенот, сликата на протестот беше поинаква. Голем дел од членовите на опозицијата се појавија на местата каде што протестираа студентите. Тие условуваат со нов протест, ако не се прифатат нивните барања.
„Мислиме дека тие ќе бидат емпатични со нашата ситуација и се надевам дека ќе има едно фино решение од страна на Владата“, вели студент.
„Да го повлече владата предлогот за државен испит и конечно да разговараме за позитивни реформи во образованието“, вели Анастазија Петровска, Студентски пленум.
„Сите студенти денес тука сме собрани бидејќи не сме задоволни со статусот во структурата на државата“, додава уште еден студент.
Според проценките се собрале две до три илјади луѓе, од кои голем дел членови на СДСМ и активисти на СОРОС.
Од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ преку Собранието, студентите се појавија пред Владата. Очекуваат средба со министерот Адеми.
Според надлежните, оваа реформа треба да го подигне квалитетот на високото образование, нема да биде на товар на студентите ниту ќе се наруши автономијата на универзитетите.
Нацрт- предлогот за државен испит неделава ќе го разгледува Владата. Потоа следува јавна дебата во која ќе бидат вклучени и студентите, по што ќе треба да произлезе финалниот заклучок.
Викторија Тодоровска
