НБРМ: Економијата закрепнува со солидно темпо
Во третото тримесечје се задржани позитивните стапки на економски раст, иако со побавно темпо во однос на растот од првото полугодие...

Постојната монетарна поставеност е соодветна, оценува Централната банка и одлучи да понуди на аукција благајнички записи вредни 25.500 милиони денари, идентичен износ со оној што достасува и со непромената каматна стапка од 3,25%.
Во третото тримесечје се задржани позитивните стапки на економски раст, иако со побавно темпо во однос на растот од првото полугодие.
Индустријата и трговијата ги задржале солидните стапки на раст, наспроти намалената вредност на извршените градежни работи, иако се очекува интензивирање во овој сектор поради реализацијата на големите инфрастуктурни проекти.
Кредитната активност достигна раст од 9,7%, а зголемената ликвидност банките како краткорочен депозит ја пласираат кај Народната банка.
