За германските инвеститори – Македонија најатрактивна во регионот

10.12.2014 18:11

Поволните услови за бизнис се клучни за сигурноста на странските инвеститори, вели Мартин Кнап, првиот човек на германско-македонската комора. Според менаџерите, посветеноста на вработените во компаниите е на високо ниво...

Германија, најголемиот трговски партнер на Македонија, учествува со 23,1 насто во вкупната трговска размена. Дрекселмаер, Марккард, Кнауф, Кронберг и Шуберт, Македонски Телеком, дел од германскиот капитал на македонскиот пазар.

Во државата има стабилна влада, поволни услови за бизнис, нема политички ризици што може да влијаат врз сигурноста на странските инвеститори – оценува Мартин Кнап, првиот човек на Германско македонската комора.

„Со години инвестицискиот зони стоеа празни и ништо не се случуваше во нив, но во изминатиов период се случија многу позитивни промени. Македонија е земја во која има млади луѓе кои имаат добра едукација“, вели Кнап.

Автомобилските делови, телекомуникациските услуги, транспорт и логистика, текстил, хемиски производи- сектори во кои работат германските инвестиции. Вработените во компаниите, нивната лојалност и посветеност, се на високо ниво - став на  менаџерските тимови. Во последната анкета ја рангираат Македонија како најатрактивна земја во регионто за инвестиции.

„Се бара стручно знаење бидејќи ние не можеме да покриеме каде што се работи за големи серии, заради ограниченост на нашите капацитети, меѓутоа, проекти каде што се бара флексибилност, брзина, мали серии, тука го гледам потенцијалот на македонските компании“, велат бизнисмените.

Според податоците на Државниот завод за статистика, за десетте месеци од годинава вредноста на трговската размена е 2 милијарди 366 милиони долари.

Извозот е тежок речиси милијарда 695 милиони, 40,9 насто од вкупниот потенцијал.  Увозот изнесува 671,3 милиони долари. Со влезот на странските инвестиции суфицитот е традиција – коментират познавачите.   

 

Сузана Фиданска- Стоевска