Почнува изградбата на новиот Клинички центар

02.01.2014 12:48

Почнува изградбата на новиот Клинички центар ,,Мајка Тереза”кој ќе биде завршен за три години. Камен темелникот ќе биде поставен пред старата  зграда на Клиниката за гинекологија и акушерство. Целиот проект ќе чини околу 70 милиони евра , а парите се обезбедени од Банката на Советот на Европа.

Новиот објект  ќе биде изграден на местото на старата зграда на Универзитетската клиника за гинекологија, чие  уривање е предвидено да трае три месеци. Објектот од едната страна ќе биде поврзан  со постојната зграда на хирургија ,а од  другата   со Клиниката за гинекологија, како и  со Клиниката за онкологија.

Во објектот ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести која ќе биде одделена и сместена во сопствената зграда, Клиниката за детски болести, кон која ќе се спои Клиниката за детска хирургија, и Стоматологија и Максилофацијална хирургија кои ќе останат во постојниот објект. Сите други клиники ќе бидат во новиот комплекс.  Некои од постојните објекти  нема да се уриваат и ќе продолжат да се користат за други намени.