Рома, Сити, ЦСКА, Спортинг или Шалке во осминафиналето!
Преносот од натпреварот Рома - Манчестер Сити ќе биде на МРТ1 во 20.45, како главна содржина во емисијата посветена на Лигата на шампионите којашто ќе почне половина час порано...

Двајца осминафиналисти се бараат вечер, другите натпревари од шестото коло во Лигата на шампионите во сегментот Е – Х ќе решаваат за продолжување во УЕФА Европа лигата или ќе бидат за престиж.
Во групата Е, Баерн го обезбеди првото место и ќе игра за високото реноме што не и одговара на ЦСКА Москва на којашто за втората позиција и е потребна победа во Минхен, но и Рома дома да не го совлада Манчестер Сити.
Од неколкуте варијанти во пресрет на пресметката на Олимпико, најсигурна и за двете екипи за пласман во осминафиналето е победата. Во случај на реми ќе зависат од Баерн. Преносот од натпреварот Рома - Манчестер Сити ќе биде на МРТ1 во 20.45, како главна содржина во емисијата посветена на Лигата на шампионите којашто ќе почне половина час порано.
Во Ф конкуренцијата дилемите се кој ќе заврши на привилигираната прва позиција и кој ќе биде трет. За да остане на лидерското место, на Пари Сен Жермен му е доволно и да не загуби од Барселона на Камп Ноу.
И Ајакс со најмалку реми дома противАпоел ќе го задржи третото место и ќе презими во Европа.
Челзи е најдобар во групата Г без разлика на дуелот со Спортинг. Португалците се под имератив да освојат бод на Стемфорд Бриџ за да не ги интересира резултатот од дуелот Марибор и Шалке по којшто Агим Ибраими и словенечкиот првак можат да продолжат во Европа лигата само ако триумфираат.
Најважното во конкуренцијата Х е оддамна дефинирано, Порто е прв, Шахтјор втор пред меѓусебната пресметка на Драгао. Атлетик ќе се приклучи во шеснаестинафиналето на УЕФА лигата и доколку не загуби во Билбао од Бате Борисов.
