Исплатени 62,5 милиони денари субвенции за тутунопроизводителите
11.12.2014 11:37
Станува збор за октупен тутун од кооперанти од сите откупни центри во период од 26 февруари до 15 март, односно периодот кога испалатата на субвенциите беше запрена поради одредбите на Изборниот законик...

Министерството за финансии денеска исплати 62,5 милиони денари субвенции за продаден тутун на 2.952 тутунари.
Станува збор за октупен тутун од кооперанти од сите откупни центри во период од 26 февруари до 15 март, односно периодот кога испалатата на субвенциите беше запрена поради одредбите на Изборниот законик, соопштуваат од Министерството.
Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат посветени на поддршката на земјоделството како носечка гранка во македонското стопанство.
