Гевгелија ќе добие зонско паркирање

11.12.2014 11:44

На Гевгелија и недостига проект за зонско паркирање, со што ќе се стави ред во централното градско подрачје. За таа цел локалната самоуправа наскоро ќе распише тендер за проект за изработка зонски систем...

И Гевгелија ќе добие зонско паркирање. Од општината велат дека паркирањето во централното градско подрачје особено во пазарните денови и во викед претставува проблем, затоа ќе го регулираат сообраќајот преку палтен паркинг. И граѓаните сметаат дека на Гевгелија и недостасува зонско паркирање.

„Да не се наплаќа, ама ако се наплаќа нека е минимално, да се направи ред“.

Има хаос со паркирањето, се повеќе Грци доаѓаат, но и жители од другите градови од Макеоднија и од селата“.

Најдобро е така, да си наплаќа кој ќе го остави возилото“, велат жителите на Гевгелија.

Локалните власти ќе распишат тендер за изработка на проект со кој ќе се утврдат локациите каде ќе се воведе зонскиот систем на паркирање.

Во подготовка сме на објавување тендер, за организирање на зонско паркирање, затоа што не може некој да узурпира со возилото 12-15 часа на ден, вели Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија.

Пред еден месец и Струмица воведе зонско паркирање, а еден час во првата зона изнесува 30 денари.

Режим на паркирање, освен во Скопје има и во Битола, Прилеп, а одлуки имаат донесено и Гостивар и Кавадарци.

 

Катерина Давчева