Бесими во работна посета на Брисел

11.12.2014 12:25

Ќе се сретне со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со Жан-Ерик Паке, новиот директор на секторот “Б” во новиот Директорат за проширување на Европската комисија...

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими престојува во работна посета на Брисел, Кралството Белгија, каде ќе се сретне со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со Жан-Ерик Паке, новиот директор на секторот “Б” во новиот Директорат за проширување на Европската комисија.
 
На средбите, информираат од СЕП, Бесими ќе се осврне за процесот на интеграција на Република Македонија, како и за перспективите и реформите кои се преземаат за реализација на европската агенда. Исто така, ќе се дискутира за статусот на реализација и идните клучни приоритети кои произлегуваат од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и заклучоците на Европскиот совет.