Фудбал - УЕФА Европа лига

Карабах и Муарем со шанси за шеснаестинафинале!

11.12.2014 13:05

Од тројцата македонски фудбалери, шанси има само Муарем чијшто Карабах, за да не зависи од резултатот на дуелот Дњипро - Сент Етјен, потребно е дома да го совлада обезбедениот Интер...

Откако вчера Манчестер Сити и Шалке им се приклучија на Баерн, Атлетико, Реал, ПСЖ, Барселона, Порто, Шахтјор, Челзи, Јувентус, Базел, Монако, Леверкузен, Борусија и на Арсенал во осминафиналето на Лигата на шампионите, вечерашното последно, шесто коло ќе реши уште кои  десет екипи ќе влезат во нокаут фазата на УЕФА Европа лигата.

Од тројцата македонски фудбалери, шанси има само Муарем чијшто Карабах, за да не зависи од резултатот на дуелот Дњипро - Сент Етјен, потребно е дома да го совлада обезбедениот Интер. Динамо на Адеми во Загреб ќе игра само за престиж против Селтик, а истото важи и за Локерен на Абдурахими којшто ќе гостува во Украина кај Металист.

Еден од ретките директни дуели којшто влијае на успехот на двете екипи е оној меѓу Севилја и Риека. На актуелниот освојувач на Европа лигата му одговара и нерешено, додека препородениот  хрватски тим само со изненадување, значи со победа може да се најде во шеснаестинафиналето.

Преносот од натпреварот Севилја - Риека ќе биде на МРТ1 во 21 часот и 5 минути.