Четворица илегалци од Сирија откриени кај Демир Капија
11.12.2014 13:42
Сириските државјани кои влегле илегално во Македонија и возачот се приведени во полициската станица Неготино...

Четворица сириски државјани се пронајдени во автомобил кој сообраќал на патниот правец Гевгелија - Скопје, во близина на Демир Капија, соопшти МВР.
Полицијата вчера попладнето запрела возило „Мерцедес вито“ управувано од страна на жител на село Количари, Градско.
Сириските државјани кои влегле илегално во Македонија и возачот се приведени во полициската станица Неготино.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
