Во две кражби украдени 75 илјади евра
Две поголеми кражби на пари го обележаа првиот ден од годинава. Во Градец, гостиварско крадец украл златен накит и евра во вредност од 61 илјада и петстотини евра, информираат во Министерството за внатрешни работи. Истиот ден во Тетово од куќа, сопственост на 73-годишник се украдени злато и евра вредни 13 илјади евра. И во двата случаи не се познати сторителите, по кои трага полицијата.