Ставрески: Над илјада барања дневно за откуп на дворните места

11.12.2014 14:14

Апелираше до граѓаните да ги искористат овие последни неколку дена да го откупат своето дворно место по цена од едно евро за метар квадратен...

Граѓаните имаат голем интерес за откуп на дворните места. Рокот за поднесување на барањата истекува на 15 овој месец. Канцелариите на Управата за имотно правни работи ќе имаат продолжено работно време во наредните неколку работни денови, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, за време на денешната посета на оштина Василево.

„Уште неколку дена останаа до завршување на рокот за доставување барање за откуп на дворните места по цена од едно евро за метар квадратен. Интересот е голем. Имаме над илјада барања дневно“, изјави вицепремиерот Ставрески.

Апелираше до граѓаните да ги искористат овие последни неколку дена да го откупат своето дворно место по цена од едно евро за метар квадратен.

Тој потенцира дека Управата за имотно правни работи е подготвена да ги прими барањата од граѓаните и ќе работи до 19 часот секој ден.