Порошенко во Австралија- побара Русија да прекине со поддршката за сепаратистите
Тој побара Русија да ја затвори границата меѓу двете земји, наведувајќи дека тоа би можело за неколку недели да донесе мир и стабилност во Украина...

Во Австралија, Украинскиот претседател Петро Порошенко повика Русија да ја прекине поддршката на сепаратистите на истокот на неговата земја, вклучувајќи и повлекување на руските сили од Украина.
Тој побара Русија да ја затвори границата меѓу двете земји, наведувајќи дека тоа би можело за неколку недели да донесе мир и стабилност во Украина.
Москва ги отфрла наодите дека има некаква улога во конфликтот во источна Украина.
Украинскиот претседател е во дводневна посета на Австралија. Главна тема е несреќата на малезискиот боинг кој падна на границата со Русија и во која загинаа 38 австралиски државјани.
Порошенко и неговиот домаќин, Тони Абот, побараа одговорните да бидат изведени пред правдата.
