Две нови жртви во поплавите во Грција – меѓу нив таксист со македонско возило

11.12.2014 14:46

До несреќата дошло, кога возилото во кое што имало македонски сопатник, било повлечено од надојдената река близу Кукуш. Иако сопатникот успеал да излезе од возилото и да ги алармира надлежните, 49 – годишниот возач не усепал да се спаси...

Две човечки жртви во текот на вчерашниот ден е мрачниот биланс од поплавите што ја зафатија северна Грција. Една од жртвите е возач на такси, за кого што грчките медиуми информираат дека е Грк кој што управувал со такси возило со македонски регистарски таблички.

До несреќата дошло, кога возилото во кое што имало македонски сопатник, било повлечено од надојдената река близу Кукуш. Иако сопатникот успеал да излезе од возилото и да ги алармира надлежните, 49 – годишниот возач не усепал да се спаси.

Во близина на Солун, пак, животот го загуби 44 – годишен маж кој што бил повлечен од надојдените води на реката Галик, додека се обидувал да ја помине пеш.

Според очевидците, човекот успеал да се задржи на една од гранките на дрвјата околу реката речиси половина час, но за жал, водата го повлекла пред да пристигнат спасувачките екипи. Неговото тело е пронајдено рано изутрина, по речиси целодневна потрага од страна на полицијата и пожарникарите.

Поплавите во северна Грција проследени со обилни дождови и најдојдени реки, од саботата до денес одзедоа дури 4 човечки животи.

На барање на гувернерот на источна Македонија и Тракија, Јоргос Павлидис, во некои од селата во севрна Грција е прогласена вонредна состојба.

Итни мерки се преземаат и од турската страна на границата.

 

Марија Котовска – постојан дописник на МРТ од Атина