„Мој термин“ сѐ поефикасен
Лекарите сѐ помалку доцнат на прегледите, а пациентите сѐ повеќе го почитуваат закажаниот термин - покажуваат најновите податоци од „Мој термин“. Во ноември за 42 проценти е намален бројот на пациенти кои не го откажале прегледот, а задоцниле 24 лекари...

Три месеци по ред, лошата пракса на доцнење на првиот закажан преглед, ја применуваат докторка од градската болница „8-ми Септември“ и доктор од Урологија Според податоците од „Мој термин“, во ноември најмалку еден час задоцниле 24 доктори. Споредено со септември бројката на несовесните доктори е намалена за пет пати.
„Побарав сите оние кои што доцнеле да биде поведена дисциплинска постапка и во дисциплинска постапка да се утврдат причините поради кои што доцнеле. Доколку се утрврди дека причините поради кои доцнеле се резилтат на вина на докторот да се преземат и санкции“, вели министерот за здравство, Никола Тодоров.
Податоците покажуваат дека зголемена е и свесноста на граѓаните за откажување на термините доколку неможат да дојдат на преглед.
Повеќе од 26 илјади граѓани не дошле на закажаниот преглед во ноември. Оваа бројка е за 42 проценти помала во однос на претходниот месец.
Андријана Атанасовска
