Акција „Чекан“: Ќе се утвдува како осомничените се стекнале со луксуз
Во полицискиот двор се донесени и запленетите автобили кои беа одземени од обвинетите. Ќе се утврдува на кој начин осомничените дошле до ваков луксуз, кое е потеклото на парите и на огромните куќи и викендици што ги поседувале...

10- мина кои беа уапсени во полициската акција „Чекан“ заработија по 30 дена притвор, а исто толку судија на претходна постапка им изрече и на четворицата кои се во бество. Во полицискиот двор се донесени и запленетите автобили кои беа одземени од обвинетите. Ќе се утврдува на кој начин осомничените дошле до ваков луксуз, кое е потеклото на парите и на огромните куќи и викендици што ги поседувале. За оние што нема да има доказ ќе бидат конфискувани.
МВР продолжува со истрагата. Се проверува дали осомничените имаат и друг имот или возила кои можеби ги дале на користење на други лица. Од полицијата информираат дека во криминалната група секој член си ги знаел задолженијата.
Внимателно преземале секакви мерки за да се заштитат од кривичен прогон. МВР собира информации за сите оние кои паднале во лихварската мрежа на осомничените, што биле уценувани со парични средства. Полицијата очекува оштетените да пријават конкретна штета.
„Имаме сомненија за инволвираност на групата во поголем број случаи, покрај овие кои се во моментов докажани. Продолжуваме да работиме на секој случај кој ќе биде поединечно пријавен. Ги повикуваме граѓаните на Гостивар и на Тетово и тој дел од Западна Македонија кој биле предмет на закани и на уцени да продолжат да пријавуваат и секој случај ќе се обидеме поединечно да го разгледаме и да го докажеме“, изјави Иво Котевски – помошник министер за односи со јавноста.
Во акцијата беа уапсени 15 осомничени, а по четворица се уште се трага. Во криминалната група која правела финансиска малверзација и давала пари под лихва со високи камати се вмешани четворица адвокати и извршител од Скопје.
Наташа Гркова – Петрушевска
