Одбојка

Изненадување? Вреди да се проба

02.01.2014 14:01

Со Србија, Словенија и Португалија македонските одбојкари од утре до недела во Ниш влегува во костец за најголемиот национален успех пласман на светски одбојкарски собир преку последниот трет квалификациски филтер. Полска и септември месец се крајната дестинација за која 11-те мак -одбојкари човечки гајат надеж, иако објективно се гледа на реалната ситуација.

Додека селекторите на трите селекции наши противници како вели мак- предводникот Ристоски имаа слатки маки од 22 повикани и појавени одбојкари да преполоват на 12, кај нас едвам 11 се одзваа на поканата да се облече честа, национален дрес. Сепак со крената глава се влегува во пеколната група со бронзените од последното и светско и европско, словенците единствените кои успеаја на континенталното да ги совладаат србите и португалците, стандардни партиципиенти меѓу големите..

Ослободени од притисок нашите одат во секој меч, нешто што им тежи на оние од спротива на мрежата. Воведот главно знае да претставува главна и појдовна нишка за она што ќе следи потоа.

Од петте турнири низ Европа за останатите 6 празни континентални места во Полска, најдобрите по групите, како и најуспешната второпласирана репрезентација ќе ја заслужат септемвриската планетарна завршница.