Македонија одбројува
10 дена . Толку ја делат нашата најдобра ракометна репрезентација до првиот натпревар на европското првенство во Данска и обврската да се потврди високиот рејтинг и 5-тото место од последното европско во Србија. Данска ќе биде поинаков предизвик, нашите ракометари ќе ја немаат огромната подршка од навивачите како во Ниш и Белград, а ќе мора да се надминат себеси за да го надоместат отсуството на Наумче Мојсовски, Филип Лазаров и Ренато Вугринец, со надеж за пласман во вториот круг и помошта од Немања Прибак.

Освежителните подготовки во Пореч беа заокружени со поразот од Словенија, натпреварувачката форма ќе се гради наредните денови во Кале. Со надеж дека на малерите со повреди им дојде крајот и со помошта на Бранко Ангеловски кој се приклучи на завршните скопски подготовки, македонската репрезентација утре и в Недела ќе одигра уште два квалитетни натпревара против селекциите на Црна Гора и Србија. Црногорците ги совладавме есеноска во Струмица, но и тие и србите сега се во полн подготвителен ритам за настап на европското првенство. Црногорците во група со Хрватска,Шведска и Белорусија, Србија со Франција ,Полска и Русија. Ние на 12-ти Јануари ќе отвориме со домаќинот Данска, на 14-ти ќе играме со Чешка и два дена подоцна со Австрија. Може ли Македонија до едно од првите три места што водат во втората фаза, ќе биде појасно по контролите, утре од 18 и 30 против Црна Гора и в Недела во истиот термин против селекцијата на Србија. Двата натпревара македонската телевизија ќе ги пренесува на првиот програмски сервис.