Можни предвремени избори во Грција?

11.12.2014 18:25

Во моментов Самарас ги нема потребните 180 пратеници во Парламентот...

Можни предвремени парламентарни избори во Грција откако премиерот Самарас реши овој месец парламентот да избере нов шеф на државата. 

Според уставот, доколку не се обезбедат доволно гласови за тоа, ќе се спроведат вонредни избори, кои во нормални услови би се одржале во 2016 година.

Во моментов Самарас ги нема потребните 180 пратеници во Парламентот.

Во меѓувреме, демонстрантите се противат на можни нови реформи што ги планира владата, а вклучуваат покачување на старосната граница за заминување во пензија и за замрзнување на пензиите во наредните три години.