Возбудлива пролет во УЕФА Европа лигата

12.12.2014 09:58

Меѓу 32-те екипи има шест некогашни европски прваци, пет коишто ги освојувалеи двете натпреварувања и уште 10 коишто триумфирале во Купот или во УЕФА лигата...

Шеснаестинафиналниот состав најавувана возбудлива пролет во УЕФА Европа лигата, дополнета со податокот дека победникот следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Меѓу 32-те екипи има шест некогашни европски прваци, пет коишто ги освојувалеи  двете натпреварувања и уште 10 коишто триумфирале во Купот или во УЕФА лигата.

Актуелниот победник Севилја, потоа Вилјареал, Торино, Генгамп, Јанг Бојс, Волфсбург, Бриж, Дњипро, Спарта Прага и Алборг вчеравечер по последното коло по групи им се придружија на Бешикташ, Салцбург, Динамо Москва, Интер, Феенорд, Евертон, Наполи, Динамо Киев, Фиорентина, Легија, Тотенхем, Селтик, ПСВ Ајндховен и на Трабзон во нокаут фазата, во којшато ќе се приклучат и треопласираните од елитното натпреварување Олимпијакос, Спортинг, Атлетик Билбао, Зенит, Андерлехт, Ајакс, Ливерпул и Рома.

Сулејманов кој од јануари ќе почне да го одработува договорот со Јанг Бојс, на пролет ќе биде единствениот македонски фудбалер во УЕФА Европа лигата, затоа што Муарем и Карабах не го совладаа Интер. Нерешените 0:0 не беа доволни за нокаут рунда којашто и претходно беше недостижна за Адеми, кој со Динамо во Загреб го совлада Селтик со 4:3, како и  за Абдурахими без разлика што неговиот Локерен како гостин беше подобар од Металист со 1:0.

Шеснастинафиналните дуели ќе се одиграат на 19-ти и на 26-ти февруари следната година. Извлекувањето на двојките ќе биде в понеделник, кога судбината ќе ги спои и осминафиналните противници во Лигата на шампионите.