Се разигра тандемот на Оклахома!
Повеќе од сто поени беа потребни за победи во двата ноќешни НБА натпревара.

Расел Вестбрук и Кевин Дурент се опоравија, па по лошиот старт Оклахома влезе во серија триумфи. По само трите победи во стартните 15 натпревари, Тандерс славеа на шест од последните седум дуели. 103:94 за Оклахома против Кливленд, благодарение и на отсуството на Леброн Џејмс, кој не сакаше да ризикува иако повредата на коленото не е сериозна.
Решавачки беше третиот период којшто домашната екипа го доби со 31:19. Вестбрук беше најрасположен со 26 поени, 8 асистенции и 7 скока, Дурент уфрли 19 коша. И покрај повредата на коленото при ненамерен контакт со Вестбурк, плејмеркерот на Кавалирс, Кари Ирвинг постигна 20 поени, додека Кевил Лав реализираше 18 коша и 16 скока.
Со ефект 9:13, Оклахома е 12-та во западната конференција, додека Кливленд е четврти на „истокот“ со 13 победи и 8 порази.
Хјустон во моментов има петти биланс во НБА, откако 17-тиот триумф го оствари на гости кај Сакраменто со 113:109 и тоа по продолжение. Првиот стрелец на лигата, Џејмс Харден беше најдобар на паркетот со 44 поени, десет од нив во дополнителните пет минути за петта победа на Рокетс во последните шест натпревари. Кај Кингс, Дарен Колисон постигна 24 коша. Со само пет порази, Хјустон е четврти на „западот“ каде што пак, Сакраменто е осми со 11:12.
