Заврши одисејата на Шокалски
По деветдневното заробеништво во антарктичкиот мраз, спасени се сите патници од рускиот брод „Академик Шокалски“. Кинескиот мразокршач ,,Снежен змеј,, што го носеше хеликоптерот, успешно ја заврши мисијата..Сите 52-ца патници се пренесени на австралискиот товарен брод ,,Аурора Аустралис, кои не можеа да ја скријат среќата на лицата кога го здогледаа хеликоптерот.
,,Еве го хеликоптерот што ќе не одведе дома,,
,,Ви благодарам на сите,,, велат патниците

Преостантите 22-ца членови на бродскиот екипаж ќе останат додека не се подобрат временските услови, чекајќи го мразокршачот да им го пробие патот.
На бродот имаше австралиски, британски и новозеландски научници и туристи. Тие сакаа да ја повторат историската експедиција на Антарктикот од пред еден век којашто ја водеше австралискиот научник, сер Даглас Мосон. Експедицијата почна пред околу три недели и требаше да му се придружи на друг брод од Нов Зеланд на почетокот на јануари, но бродот наиде на големи слоеви мраз и се заглави. Потоа три брода мразокршачи се обидоа да му пријдат, но поради лошите временски услови беа принудени да се вратат.
Бојана Крстевски