Грција отвори истрага за нападот на Израелската амбасада во Атина

12.12.2014 11:57

Затворен е главниот пат што води кон амбасадата, а полицијата ја истражува областа. За сега никој не ја презел одговорноста за нападот...

Грчките власти отворија истрага откако изутрината пред зори од автомобил во движење било стрелано врз Израелската амбасада во Атина. Нема извештаи за повредени, ниту е причинета материјална штета.

Затворен е главниот пат што води кон амбасадата, а полицијата ја истражува областа. За сега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Пред една година левичарската терористичка група „Народни борци“ презеде одговорност за сличен напад пред резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина.