Украина: Прва ноќ без жртви
12.12.2014 12:00
Соседните земји на Украина изразија загриженост поради наводната руска воена активност без преседан околу границите...

Прва ноќ без жртви во Украина. Претседателот на земјата Петро Порошенко изјави дека за прв пат во последните 7 месеци не добил информација за загинат украински војник во текот на ноќта.
Во средата беше склучен договор меѓу украинските и проруските сили за прекин на огнот, којшто начелно и денес се почитува.
Соседните земји на Украина изразија загриженост поради наводната руска воена активност без преседан околу границите.
Во по текот на судирите, според податоците на ОН, загинале повеќе од 4.300 луѓе.
