Десет медитерански држави ќе соработуваат против исламскиот радикализам

12.12.2014 12:25

Во текот на разговорите што се одржаа во Шпанија е договорена и поголема соработка во борбата против илегалната имиграција.

Десет медитерански држави, меѓу кои Франција, Италија, Алжир и Либија постигнаа договор за поголема соработка во борбата против исламскиот радикализам.

Во текот на разговорите што се одржаа во Шпанија е договорена и поголема соработка во борбата против илегалната имиграција.

Договорот е постигнат во четвртокот на состанокот на Министрите за одбрана на таканаречената  „5+5 иницијатива“ воспоставена во 2004 за да ја зајакне соработката по прашањата за безбедност меѓу 10 медитерански држави.