На струшкиот градоначалник не му помина одлуката да постави киосци на местото каде претходно ги уриваше

12.12.2014 12:50

На струшкиот градоначалник не му помина одлуката да си постави нови киосци на местото каде што претходно ги уриваше. Струшките советници одбиваат да носат одлуки без негово присуство. Ни потврдија дека од досега одржани 21, Села присуствувал само на 4 седници...

Советот на општина Струга никако да фати ред во работата на советниците кои и покрај одржани 21 седница, првиот човек на општина Струга само неколку пати се појавил.
 
„Веќе ова е 21-ва седница и досега во овие 21 поминати седници, градоначалникот бил присутен само 4 пати што за мене е нелогично и неприфатливо во никој случај бидејќи е на тенденција да се омаловажи советот како целина и секој цоветник поединечно како индивидуа, со ваквиот начин на постапување“, вели советникот Ардијан Демири од НДП.
 
Советниците се жалат дека нелогично е да се расправа за било која точка без присуство на градоначалникот, а посебно кога станува збор за точки како што е отсранувањето на привремените објекти и урбана опрема, кои со одлука на Советот оваа година беа отстранети, а сега од советниците се бара да изгласаат повторно одлука за поставување на истите.
 
„Сметавме дека една одлука со друга се коси, од една страна се отсранува урбаната опрема, а од друга страна да се носи одлука за поставување на нова урбана опрема без претходен графички приказ да им биде доставен на членовите на општина Струга, сметавме дека не е во ред и токму од тие причини оваа точка се тргна од дневниот ред“, вели Николина Велкоска, советник од СДСМ.
 
Во Струга од вкупно 160 привремени објекти и урбана опрема беа отсранети повеќе од половината со образложение дека го нарушуваат туристичкиот изглед кој треба да го има градот Струга. Со оваа одлука на улица без работа и егзистанција останаа повеќе од 500 лица.
 
 
 
Јованчо Наумоски