Заздравуваат повредените рудари во „Злетово“

12.12.2014 12:53

Едниот од повредените рудари беше пуштен на домашно лекување во петокот, а другиот се уште е под болнички надзор...

Заздравуваат двајцата рудари повредени во несреќата што се случи во рудникот „Злетово“ во петокот, соопшти денеска компанијата „Индо минерали и метали Македонија“, концесионер на рудникот.
 
Едниот од повредените рудари беше пуштен на домашно лекување во петокот, а другиот се уште е под болнички надзор. 
 
Индо Минерали и Метали Македонија се во постојана комуникација со семејството и со медицинскиот персонал во Клиничката болница во Скопје, со цел следење на состојбата на рударот, се вели во соопштението.
 
Според компанијата, по спроведената инспекција, надлежните рударски и полициски инспектори, уште истиот ден, одобриле продолжување на работите во „Злетово“. Истрагата водена од Рударскиот инспекторат е се уште во тек и се работи на откривање на причините за несреќата.