Објавен оглас за четири раководни функции
Имињата на оние кои ќе ја промовираат Македонија како бизнис дестинација во осум моќни економски центри во Европа и во Америка, ќе бидат познати до крајот на февруари...

Владата објави оглас за директор на Aгенцијата за поддршка на земјоделството и за генерален конзул во Сојузна Република Германија. Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот бара економски промотори за Шангај и за Осло.
„Кандидатите треба да исполнуваат неколку поврзани критериуми и тоа треба да имаат завршено високо образование, одлично познавање на англискит јазик кое ќе биде потвредено со соодветен сертификат, а треба да имаат познавање на јазикот на земјата домаќин, соодветно работно искуство, познавања од областа на менаџментот“, соопшти денеска на прес- конференција портпаролот на Владата на Република Македонија, Алекасандар Ѓорѓиев.
Имињата на оние кои ќе ја промовираат Македонија како бизнис дестинација во осум моќни економски центри во Европа и во Америка, ќе бидат познати до крајот на февруари.
