Јанкулоска: Со соработка можеме да постигнеме поголем напредок во борбата против тероризмот
Во Белград, министрите раменија мислења за борбата против тероризмот, организираниот криминал, трговијата со луѓе, визната либерализација...

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска учествува на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи на Европската Унија- Западен Балкан.
„Клучното прашање за кое разговараме со колегите е она што го засегнува не само регионот и ЕУ, туку и целата глобална безбедност, а тоа е учество на лица од овој регион во странски војски низ боиштата во светот. Република Македонија на ова поле забележа исклучителен напредок, ние неодамна го сменивме нашиот крвичен законик за да ја подобриме правната рамка за процесуирање на ваков тип на кривични дела. Секако со благовремена размена на информациите со нашите соседи, со земјите од регионот како и со земјите од ЕУ, со взаемна соработка и доверба можеме да постигнеме подобри резултати на овој плани“, изјави министерката Јанкулоска.
Во Белград, министрите раменија мислења за борбата против тероризмот, организираниот криминал, трговијата со луѓе, визната либерализација, судските реформи, соработката во граѓанското и кривичното право, конфискација на имотите стекнати со криминал, и човековите права, со посебен фокус на жените и децата.
