МРТ доби благодарница за соработка во проектот „Медиумски ден на средношколците“

12.12.2014 16:29

Јавниот сервис ја поддржува важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образовение, а медиумската писменост ќе ги научи средношколците како да ги користат позитивните аспекти од популарната култура при личниот развој...

Македонската Радио Телевизија доби благодарница од Високата школа за новинарство и односи со јавноста за соработка при Медиумскиот ден на средношколците во рамки на проектот „(Де)Конструирај ги медиумите“.

Јавниот сервис ја поддржува важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образовение, а медиумската писменост ќе ги научи средношколците како да ги користат позитивните аспекти од популарната култура при личниот развој, критички да ги анализираат медиумските содржини и да ги разбираат пораките на сигурен и етички начин.

Медиумскиот ден се организираше под слоганот „Размислува критички, делувај етички: Во и надвор од училница“ и има за цел да ја посочи важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образование. Средношколците низ процесот на работа увидоа како функционираат телевизијата, радиото или печатениот медиум.

Медиумскиот ден се организира прв пат во Македонија и е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.