Првата премиера во новата зграда на Велешкиот театар на 20-ти декември
Познат денот кога велешките актери ќе заиграат на современата сцена на новиот театар. Премиерата на „Најважната работа на светот“ ќе се одигра по една недела. Ансамблот ги привршува последните костимирани проби...

Се бројат деновите до отпочнувањето на новата модерна театарска ера. На 20- ти овој месец, ансамблот на Велешкиот театар премиерно ќе ја одигра преставата „Најважната работа на светот“. Очекувањата се, публиката повеќе од сто минути да ужива во прекрасна комедија.
„Хуморот нестава во ситуација на една духовна дистанца без која не може да с есогледа светот околу нас но исто така неможе да се согледа и светот во нас“, рече Братислав Димитров, автор на текстот.
„Секој народ е голем колку што е духовит, колку што умее да се шегива на своја сметка и на туга се разбира“, изјави режисерот Љубиша Георгиевски.
Додека актерите вежбаат на малата сцена, на големата се поставува сценографијата.
„Ова е само еден од примерите дека соништата понекогаш се остваруваат“, вели Валентин Светозаров, сценограф.
Во „Најважната работа на светот“ игра целокупниот ансамбл на велешкиот театра, но и гостите Благоја Чоревски, Ирена Ристиќ и Зоран Љутков.
„Има една реплика во преставата која вика ’ќе треба да си земеме годишен одмор за да ги кажеме нашите маки’, јас мислам дека ние ќе треба да си земеме годишен одмор за да си ги кажеме своите импресии од ова што ни се случува“, рече Зоран Љутков.
Поради големиот интерс отварање на театарот ќе биде проследено со три премиери.
„Првата е 20-ти декември во сабота, втората на 21-ви во недела и третата на 22-ри понеделник сите со почеток во 20 часот“, рече Васил Зафирчев, уметнички директор.
Новата театарска зграда се простира на површина од 4,5 илјади квадратни метри. Вкупната инвестиција е околу 12 милиони евра, средства кои ги обезбеди Владата.
Изградбата траеше скоро шест години.
Дијана Иванова
