2014 – година на инвестиции во здравството
Зградата на Гинекологија стара 80 години оди во историјата. На нејзиното место ќе никне новиот Клинички центар . Современ, според сите стандарди, овој објект ќе ги нуди најдобрите здравствени услуги.
Почнуваме еден капитален проект за државата, велам за државата, затоа што комплексот Клиники „Мајка Тереза“ не е болница за Скопје, таа е комплекс клиники за сите , терцијално здравство за сите граѓани на Македонија и практично тука ќе биде концентрирана не само болничката дејност туку и научната, рече премиерот Никола Груевски.

Тендерот за изградба на Клинички го објави банката на Советот на Европа и ќе трае до 8 април. Ресорниот министер Тодоров вели дека интересот кај градежните фирми за изградба на објектот е огромен , но ќе треба да исполнат неколку услови.
-Треба да имаат изградено три болници во земји-членки на Европската унија за да бидат градежни компании кои имаат сериозно искуство во градењето на вака сложени објекти, рече министерот за здравство Никола Тодоров.
Во следните три месеци старата Гинекологија ќе се урива и на нејзино место ќе се постават темелите на Клиничкиот центар.
За три години ќе треба целосно да биде изграден новиот објект на Клиничкиот центар кој се протега на површина од околу 60 000 квадратни метри . Инвестицијата ќе чини 70 милиони евра .
Викторија Тодоровска