Зголемен број вирозни: Грипот зема замав

12.12.2014 16:58

Грипот досега успеа да легне над илјада граѓани. Со затнат нос, зашеметена глава и болки во мускулите доаѓаат по лек во амбулантите. Лекарите препорачуваат да се пијат повеќе течности, да се земаат витамини, а кога е студено, помалку да се шета надвор. Најмногу заболени има во Тетово, кој се уште ја води листата и на најзагден град во земјава...

„Носот ми тече, главата ми е малку зашемутена, но излегувам надвор и само шетам, ништо друго... Проблеми со мускулите, со коските, настинка, загадено време... Се ме боли, снагата, коските, кивам, носот ми тече...“ - Ова се некои од пациентите што ги затекнавме во поликлиниката бит пазар. Сите се дојдени со една причина. Имаат симптоми на грип и бараат помош од матичниот.

Иако е зголемен бројот на граѓани во земјава заболени од грип, доктор Костовска вели во нејзината ординација најчести се настинките и вирозите.

„Препорачуваме да се пијат повеќе течности, да се зема витамин Ц, а во студените денови да се избегнува излегување во надворешни услови“, изјави д-р Јованка Костовска- матичен лекар.

Од почетокот на сезоната во земјава од грип заболеле повеќе од илјада граѓани- покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Само последната недела во Институтот за јавно здравје биле пријавени речиси 150 новозаболени од грип. Во седум градови во земјава нема пријавено случај на грип. Најголем број заболени има во Тетово.

 

Андријана Атанасовска