Оџа од велешката џамија во притвор поради шверц на мигранти
Полицијата го застанала за контрола автомобилот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај селото Смоквица, пред тунелите кај Демир Капија. Превезувал четири сириски државјани, кои илегално влегле во Македонија...

Триесет и седумгодишниот актуелен оџа во велешката таканаречена „Црна џамијата“ заработи кривична пријава и 8 дневен притвор. Фатен е како превезувал илегалци од Блискиот исток.
Полицијата го застанала за контрола автомобилот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај селото Смоквица, пред тунелите кај Демир Капија. Превезувал четири сириски државјани, кои илегално влегле во Македонија.
Неколку часа подоцна на истиот автопат при обид да пренесе 7-мина сиријци фатен е и 32 годишен од скопско Студеничани. Заработија кривични пријави, а мигрантите се згрижени во прифатниот центар.
Изминатите 11 месеци се поднесени 72 кривични пријави за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“. Пријавени се 141 сторител.
Во првите 10 месеци пак од годинава на територијата на Македонија се откриени над илјада и 300 илиегални мигранти од повеќе држави.
Од МВР информираат дека дел од нив веднаш ги враќеле на пограничните служби од каде влегле. Најчесто тоа е преку Грција. Другите се сместени во прифатниот центар. Оние пак што побарале азил се во Центарот за баратели. Некои од нив поради економска, други политичка причина избегале од своите огништа.
Преку земјени патеки и мостови, коишто мигрантите ги користат да не бидат забележани, влегуваат во земјава. Дел од нив ги чекаат договорени луѓе, кој за одредена сума ги спроведуваат низ државава. Најчесто засолниште им наоѓаат во Лојане. МТВ неодамна разговараше со жител оттаму.
„Имигранти има доста, доаѓаат заминуваат. Спијат во шумите...“, вели жител на Лојане.
Полицијата под будно око ги следи случувањата со мигрантите, од кои се засегнати голем број држави. На овој глобален проблем треба да се одговори организирано и заеднички сите држави, велат од МВР.
Наташа Гркова- Петрушевска
