Се бараат способни кадри за раководни позиции
Потребни се и динамични професионалци да го засилат тимот економски промотори, да се соочат со предизвикот на моќните економии, да лобираат - врвни компании од канадски Монтреал и кинески Шангај да го пренесат бизнисот во Македонија...

Владата бара образовани и способни кадри со релевантно искуство за раководни функции- директорска во Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и дипломатска- генерален конзул во Минхен Германија. Огласот трае до 27- ми декември. Кандидатите мора да имаат високо образование, за прв човек на Агенцијата – петгодишно искуство, предност во земјоделството, економсијата, правото... За генерален конзул услов- одличен англиски со меѓународен сертификат, и познавања на германскиот.
„Иако на јавните повици може да аплицираат сите граѓани на Република Македонија, сепак, целта не е толку масовноста, туку квалитетот и способноста затоа што оние кои ќе биде проценето дека се најквалитетни ќе имаат приоритет и би биле избрани за извршување на овие функции“, вели Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата на РМ.
Потребни се и динамични професионалци да го засилат тимот економски промотори, да се соочат со предизвикот на моќните економии, да лобираат - врвни компании од канадски Монтреал и кинески Шангај да го пренесат бизнисот во Македонија.
Кандидатите со двегодишно искуство, способност и амбиција да преговараат , да го промовираат извозниот потенцијал и конкурентноста на македонскиот производ може да аплицираат до 20- ти декември. И бизнисот од нив очекува интензивна промоција.
„Повратната информација која ќе ја добијат од економските промотори ќе им заштеди прво пари, потоа и време, во делот на истражување на пазарот“, изјави извршниот директор на ССК, Митко Алексов.
Голем интерес на обајвените огласи за еконономки промотори во Гвангжу, Осло, Франкфурт, Единбург и за неколку моќни економски центри во САД.
Од Владата велат- најквалитетните ќе ја добијат позицијата.
Сузана Фиданска Стоевска
